• четврток, 26 декември 2024
МИА Најави МКД

1 ноември 2024 

Скопје - Дигитален мост: Собраниски хакатон. (Собрание Кристална сала /9:00)

Скопје - Прес-конференција пратеникот Сали Мурати. (Собрание Прес-центар /11:00)

Скопје - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со амбасадорот Михалис Рокас, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија ќе одржат прес-конференција. (Влада, Медија центар/11:00)

Тетово - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, директорот на Центарот за развој на Полошки плански регион, Фатмир Саити и градоначалниците на Општините Теарце, Врапчиште и Јегуновце, Нухи Незири, Инес Шабани и Димитар Костадиноски ќе присуствуваат на презентацијата на резултатите на инфраструктурната поддршка насочена кон подобрување на осветлувањето во општините Теарце, Врапчиште и Јегуновце. (Општина Теарце/10:00, изјави за медиумите по презентацијата)

Скопје - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе одржи брифинг со медиумите. (Министерство за финансии/10:30, изјава за медиумите на крајот на брифингот, пристигнување на медиумите/10:15)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе одржи прес-конференција. (Влада, Медија центар/10:20)

Скопје - Генерално Собрание на UIMLA- меѓународна унија на водичи во планина во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина, Ве покануваат на јубилејното. (х.„Панорамика“/10:30, изјави за медиумите)

Скопје - Конференција „Finance Talks“ - ЕСГ експертиза: добро управување и финансиска писменост за сигурна иднина во организација на ЕОС Матрикс Македонија. (х.„Лимак“/11:00)

Скопје - Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“. (Музејот на македонската борба/10:00)

Скопје -  Амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука, ќе се обрати по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија пред концертот на Вадаико Саи. (Филхармонија/20:00, пристигнување на медиумите/19:45)

Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ). (Простории на КСОМ/11:45)

Скопје - Презентација и предавање „Македонска сивка: приказната за трката да се заштити најзагрозената пеперутка во Европа“ во организација на Институтот за комуникациски студии. (НУ Природонаучен Музеј на Македонија/19:00) 
 
Скопје - Неформален разговор - книжевен кружок со македонските автор(к)и кои го добија регионалното книжевно признание „Штефица Цвек“, Лидија Димковска, Калиа Димитрова и Стефан Алијевиќ. (Центар „Комитет“/19:00)

Скопје - Меѓународни студентски средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) под мотото „Дионизија сега“ со изведба на „Кралот Иби“ на Алфред Жари. (Драмски театар)

Скопје - Отворање на изложбата „Carra,“ на уметникот Бојан Ковски. (Национална опера и балет/19:00)

Струга - „Колекција од мемории" изложба на Викторија Попоска. (Центар за култура „Браќа Миладиновци“)

Битола - Меѓународна научна конференција „Образованието и бизнисот во глобалните мегатрендови“. (БАС Битола/10:00)

Битола - Шаховски турнир за слепи лица. (Премиер Центар/11:00)

Битола - Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. (Центар за култура/19:00)

Скопје - Kонцерт на Џез триото АУМ. (Салон 19:19/20:00)

_______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***



 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан