• четврток, 14 ноември 2024

Џонсон Мети во сржта на силните економски врски меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство

Џонсон Мети во сржта на силните економски врски меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство
17 Февруари 2022, Скопје
 
Британскиот трговски претставник за Западен Балкан, Мартин Викерс ја посети фабриката на Џонсон Мети во Северна Македонија. За време на обиколката, г-дин Викерс и менаџерскиот тим на компанијата разговараа за детали за деловната клима во земјата, за потенцијалот за понатамошна идна соработка, како и за важноста на билатералните врски меѓу двете земји.
Џонсон Мети е одличен пример за британските бизниси во Северна Македонија кои придонесуваат за трговските односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и создаваат значаен елемент од Бруто домашниот производ на Северна Македонија. Горди сме на таа врска и сакаме да ја видиме како продолжува и се проширува. Ни беше чест да бидеме домаќини на г-дин Викерс и да го споделиме нашето искуство и да го прикажеме најсовремениот објект.
Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија, додаде: Северна Македонија е стратешка локација за Џонсон Мети, а одличните и посветени луѓе кои работат во Џонсон Мети Македонија, придонесоа во голема мера за успехот на компанијата и позитивниот напредок на целокупната економска и социјална средина во земјата. Ние сме и ќе продолжиме да бидеме лидер во промовирањето на најдобрите деловни практики, највисоките стандарди за здравје и безбедност и бројни програми за вклучување на заедницата.
Денес, Џонсон Мети во Северна Македонија создава повеќе од 25% од вкупниот извоз, достигнувајќи 1,870 милиони евра во 2021 година. Фабриката во индустриските зони во Скопје е една од технолошки најнапредните светски фабрики на Џонсон Мети во светот, која вработува околу 1.000 луѓе на локално ниво.
  ____________________________________________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.    

Тагови

Остани поврзан