• понеделник, 14 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Џефри Сакс: Преговорите меѓу Вашингтон и Москва може да ја отворат вратата за укинување на санкциите кон Русија

Џефри Сакс: Преговорите меѓу Вашингтон и Москва може да ја отворат вратата за укинување на санкциите кон Русија

Анталија, 12 април 2025 (МИА) – Тековниот преговарачки процес меѓу САД и Русија се движи во позитивна насока и може да резултира со укинување на американските санкции кон Москва, изјави американскиот економист и професор Џефри Сакс на Дипломатскиот форум во Анталија, пренесе ТАСС.

– Мислам дека преговорите имаат потенцијал да бидат многу продуктивни. Постои надеж – и таа е реална. Верувам дека настаните се движат во правилна насока, рече Сакс, кој е директор на Центарот за одржлив развој при Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Тој додаде дека не очекува сериозни последици за Русија од царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Царинските војни на Трамп нема значајно да ја засегнат Русија. Тие нема да имаат силно директно влијание врз земјата, оцени Сакс. ссм/

фото: архива

Остани поврзан