• недела, 22 декември 2024

Џенифер Лопез наполни 53 години и го претстави новиот балсам за тело

Џенифер Лопез наполни 53 години и го претстави новиот балсам за тело

Лос Анџелес, 25 јули 2022 (МИА) - Џенифер Лопез вчера наполни 53 години, а во чест на својот роденден и заради претставување на новиот деловен потфат, дизајнерката-глумица реши да позира гола...

Џенифер Лопез на Инстаграм објави видео во коешто го претставува новиот производ на брендот „Џеј-Ло бјути“ - балсам за тело, поточно за нега на задникот. - Ние ја посветуваме целата грижа и внимание на кожата на лицето, но понекогаш го занемаруваме телото. Ми беше важно да создадам рутина за нега на кожата за телото, т.е. неговите специфични и уникатни потреби, а почнавме со задникот..., појасни Лопез. Таа деновиве престојува во Париз со својот сопруг Бен Афлек, каде што го минуваат медениот месец по нивната, за обожавателите - изненадна венчавка во Лас Вегас.  Тие се свршија и пред 18 години, но таа 2004 година раскинаа само неколку недели пред свадбата. Тие повторно стапија во врска лани.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан