• понеделник, 23 декември 2024

Џеко може да ја напушти Рома, клубот не може да му исплаќа цела плата

Џеко може да ја напушти Рома, клубот не може да му исплаќа цела плата
Рим, 17 јули 2020 (МИА) – Босанскиот фудбалер Един Џеко може да го смени клубот на крајот на сезоната, пренесува „Goal.com“, повикувајќи се на италијански медиуми. Според изворот, Римјаните не можат да си дозволат да ја реализираат целата платата на 34-годишниот Џеко, бидејќи тимот загуби многу финансиски средства поради необезбедено учество во Лигата на шампионите. Јувентус и Интер покажуваат интерес за напаѓачот. Во сезоната 2019/20, Џеко одигра 39 натпревари за Рома, постигна 18 голови и 10 асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Босанецот на 11 милиони евра. зс/

Остани поврзан