• сабота, 20 декември 2025

Џафери го честита 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците!

Џафери го честита 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците!

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им го честита празникот, 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, на припадниците на  бошњачката заедница во земјава.

 - Дозволете од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да Ви упатам искрени честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците со желба празничниот ден да го поминете во добро здравје и расположение, во семејна благосостојба и напредок на Вашите најмили, истакна Џафери.

Тој нагласува дека тоа што бошњачката заедница е дел од нашето мултиетничко општество е еден позитивен влог повеќе во нашата заедничка држава.

 - Нашата држава се вбројува во редот на државите пример по тоа што знаат како да ги почитуваат различностите меѓу себе, знаат како да ги исползуваат придобивките и убавините од тие различности кои кога се преплетуваат меѓу себе создаваат цврста основа за градење на силна и напредна држава во која секој граѓанин е насочен кон една единствена цел – Република Северна Македонија, полноправна членка на европското семејство на народи. Земја во која секој поединец се чувствува дома, работи, придонесува и секако ги ужива истите права, рече претседателот.

Џафери посочува дека двата народи заедно сме поминале многу предизвици и тешкотии и дека такви предивици не очекуваат и во иднина, меѓутоа, како што вели,  многу е полесно кога сите сме заедно на истиот тој брод кој што ја носи државата напред а нашите граѓани ги уживаат европските стандарди дома, кај што е секогаш најдобро.сан/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан