• вторник, 05 ноември 2024

Ќе се гради локалниот пат Берово - Црвен Брег - Абланица

Ќе се гради локалниот пат Берово - Црвен Брег - Абланица

Берово, 9 август 2024 (МИА) - Избран најповолен понудувач за изградба на локалниот пат Берово - Црвен Брег - Абланица. Според договорот граѓаните на Берово за три месеци ќе ја добијат оваа долгоочекувана сообраќајна артерија, која од Општината очекуваат да донесе унапредување од повеќе аспекти. 

-Оваа недела во законска постапка е избран најповолен понудувач за изградба на локалниот пат „Берово - Црвен Брег - Абланица“. Тоа е компанијата „СД Транс“. Според договорот работните активности треба да почнат за 15 дена и рокот на изведба е три месеци, информираа од Општината.

Беровци, туристите, корисниците на тој дел, како што додадоа, ќе добијат нов пат за завршување на своите обврски.

-Исто така туристите ќе добијат нова патека за шетање и нова побрза дестинација до популарната „Абланица“, додадоа од Општината 
 
Сумата за патот од 15,4 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски со одлука на Влада од 14.12.2023 год. вс/мд/

Фото: Општина Берово

Остани поврзан