• недела, 22 декември 2024

Њујорк Тајмс: Градоначалникот на Њујорк обвинет по федерална истрага за корупција

Њујорк Тајмс: Градоначалникот на Њујорк обвинет по федерална истрага за корупција

Њујорк, 26 септември 2024 (МИА) – Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс е обвинет по федерална истрага за корупција, со што стана првиот градоначалник во историјата на Њујорк кој е обвинет додека бил на функција.

Обвинението за Адамс останува запечатено и не е јасно со какви обвиненија се соочува тој, јави вчера Њујорк Тајмс, цитирајќи извори запознаени со случајот.

Адамс треба да оди на суд на 26 септември, каде што ќе му биде прочитано обвинението и ќе се знае обемот на обвиненијата. Во изјава за Њујорк пост, Адамс рече дека е невин и најави дека ќе се бори да ја докаже својата невиност.

- Отсекогаш знаев дека ќе бидам мета – ако застанам во одбрана на њујорчани – и тоа станав. Во случај да ме обвинат – ќе се борам против тоа со сета моја сила и дух затоа што сум невин, рече Адамс.

Тој додаде дека нема да се повлече од функцијата градоначалник дури и ако биде обвинет, и покрај повиците за негова оставка од други високи американски пратеници, вклучително и Александрија Окасио-Кортез. јт/

Фото: Х

Остани поврзан