• понеделник, 08 јули 2024

Љуљ ќе го пропушти Евробаскет 2022 поради повреда

Љуљ ќе го пропушти Евробаскет 2022 поради повреда
Мадрид, 25август 2022 (МИА) - Искусниот кошаркар Серхио Љуљ нема да и помогне на шпанската репрезентација на Европското првентво 2022. Триесет и четиригодишниот Љуљ беше подложен на медицинска контрола по вчерашниот натпревар од квалификациите за СП 2023 против Исланд (87:57). Според Шпанската кошаркарска федерација, повредата не е сериозна, но била донесена одлука играчот да биде ослободен од националниот тим. Членот на Реал Мадрид се очекува да се врати на теренот до почетокот на следната клупска сезона. Евробаскет 2022 ќе се игра во четири држави од 1 до 18 септември. зс/

Остани поврзан