• вторник, 07 мај 2024

Љубе Шопов го фати светиот крст во Струмица

Љубе Шопов го фати светиот крст во Струмица

Срумица, 19 јануари 2024 (МИА) - Љубе Шопов денеска го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица.

Во водата скокнаа 25 граѓани, а најбрз беше Серафимовски.

-Повеќе пати скокам по крстот и сега прв пат успеав да го фатам. Посакувам здравје и среќа на сите. Се надевам дека идната година ќе не има повеќе, рече Шопов.

Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите.

Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите општини и населени места во Југоисточниот регион.рт/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан