• недела, 12 мај 2024

Јунајтед вечерва без Рашфорд против Севиља во Лига Европа

Јунајтед вечерва без Рашфорд против Севиља во Лига Европа

Манчестер, 13 април 2023 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе го пропушти денешниот прв четвртфинален натпревар против Севиља во Лига Европа, поради мускулна повреда, соопшти англискиот клуб.

Во соопштението се додава дека Рашфорд ќе пропушти уште „неколку“ други натпревари поради повредата.

Рашфорд беше заменет во 80. минута на саботниот премиерлигашки натпревар против Евертон и веднаш почна со процесот на рехабилитација.

Англискиот репрезентативец досега сезонава постигна 28 голови за Манчестер јунајтед и го предводеше клубот до титулата во англискиот Лига куп.

Според британските медиуми, се очекува Рашфорд да се врати во составот на Јунајтед пред крајот на сезоната. ег/паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан