• сабота, 29 јуни 2024

Лазаров со две промени во составот за реваншот со Фарски Острови

Лазаров со две промени во составот за реваншот со Фарски Острови

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) – Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров се одлучи за две промени за вечерашниот реванш натпревар со Фарски Острови во баражот за пласман на Светското првенство 2025. Лазаров ги повика бековите Мартин Карапалевски од Вардар и Иван Џонов од Алкалоид. 

Од репрезентацијата за вечерашниот дуел отпаѓаат Дамјан Митев и Цветан Кузманоски.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

На првиот натпревар Фарски Острови победија со 34:27. зс/

Остани поврзан