• петок, 15 ноември 2024

Јужно корејската претстава „МИР“ на ИФАД „Стоби“ 2024

Јужно корејската претстава „МИР“ на ИФАД „Стоби“ 2024

Велес, 3 октомври 2024 (МИА) - Со претставата „Мир“, на 21-то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ 2024 синоќа настапи Театар „Идиоти“ од Јужна Кореја. Во режија на Ли Сангмунг на сцената настапија 11 актерки и актери низ игра со многу убави музички хитови од 8- тите и 90-тите и силни пораки да престане војната во Газа и сите војни во светот. На крајот од претставата со многу разнобојни балони на сцена упатија силна порака да завладее мир во светот.

Тие порачаа дека претставата ќе ја играат на сите светски сцени се додека во светот не престанат сите војни и не завладее мир. Со својот настап со широки насмевки и лесна игра ја воодушевија и дигнаа на нозе  публиката во велешкиот театар и на крајот заслужено добија долг и силен аплауз.

Инаку, оваа претстава е една од претставите која е во конкуренција за наградата Гран При за најдобра претстава како и останатите награди на фестивалот, за режија и за најдобра женска и машка улога.

Вечерва во 20 часот на сцената на велешкиот театар на  ИФАД „Стоби“ 2024  со претставата „Нерон“ во режија на Ѓорги Ризески ќе се претстават актерите на „Приватна продукција“ во ко-продукција со МКЦ од Скопје.

Античката драма „Монолози и сцени“ во режија на Роберт Вељановски и Теа Беговска на Универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ е единствената претстава што на годинешното издание на фестивалот „Стоби“ е селектирана во OFF програма, а ќе биде одиграна на сцената на велешкиот театар во петок, на 4 октомври.

На 5 октомври, во сабота вечер, ќе биде одиграа претставата „Едип и Пророците“ во режија на Диана Добрева на Драмски театар Пловдив, од Бугарија.. ад/сст/

Остани поврзан