Јужна Кореја најави учество во изградба на гасовод на Алјаска
- Јужна Кореја ќе се вклучи активно во разговорите со САД за изградба на гасовод во Алјаска, соопшти денеска Министерството за трговија, индустрија и енергетика во Сеул.

Сеул, 5 март 2025 (МИА) - Јужна Кореја ќе се вклучи активно во разговорите со САД за изградба на гасовод во Алјаска, соопшти денеска Министерството за трговија, индустрија и енергетика во Сеул.
Министерството истакна дека овој проект претставува заеднички интерес за двете земји.
Во својот говор пред Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Јужна Кореја, Јапонија и други земји се подготвени да соработуваат со САД на изградбата на „гигантски“ гасовод во Алјаска. ссм/
фото: архива