• четврток, 11 јули 2024

Јужна Кореја и Јапонија загрижени поради врските на Москва со Пјонгјанг

Јужна Кореја и Јапонија загрижени поради врските на Москва со Пјонгјанг

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) – На средбата на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон, претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јол и јапонскиот премиер Фумио Кишида изразија загриженост за врските помеѓу Русија и Северна Кореја.

- Сеул и Токио се договорија да ја продолжат соработката на полето на безбедноста, се наведува во соопштението од кабинетот на Јун.

Во меѓувреме, Кина реагира поради невообичаеното влегување на јапонска ескадрила-разурнувачи во кинеските води во близина на Тајван.

- Јапонската морнарица не ја извести Кина, што предизвика „сериозна загриженост“ во Пекинг, објавија синоќа кинеските медиуми.

Јапонскиот разурнувач „Сузуцуки“ на 4 јули навлезе во водите на кинеската провинција Жеџијанг. Пекинг тогаш најави воени вежби во таа област. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан