• четврток, 25 јули 2024

Јужна Африка ја повлече кандидатурата за женскиот Мундијал 2027

Јужна Африка ја повлече кандидатурата за женскиот Мундијал 2027

Јоханесбург, 25 ноември 2023 (МИА) – Фудбалската федерација на Јужна Африка соопшти дека ја повлече кандидатурата за организација на женското Светско првенство во 2027 година.

Кандидатурата е повлечена со образложение дека Јужна Африка ќе сe фокусира да ја добие организацијата на женскиот Мундијал во 2031 година.

- Сметаме дека е подобро да поднесеме добро подготвена кандидатура за 2031 година и да бидеме сигурни дека ќе направи исчекор, отколку сега да излеземе со избрзана кандидатура, изјави извршниот директор на Фудбалската федерација на Јужна Африка, Лидија Монејепео.

Преостанати кандидати за организација на женскиот Мундијал 2027 се Бразил, заедничката кандидатура а Белгија, Холандија и Германија, како и заедничката кандидатура на САД и Мексико.

Јужна Африка беше домаќин на машкиот фудбалски Мундијал во 2010 година. ег/ми/

фото: Фејсбук

Остани поврзан