• четврток, 21 ноември 2024

Сопствениците на бродови во Париз бележат пад на приходите поради Олимпијадата

Сопствениците на бродови во Париз бележат пад на приходите поради Олимпијадата

Париз, 25 јули 2024 (МИА) – Драстично се намалени приходите на сопствениците на бродови на Сена во Париз поради забраната за пловидба за време на Олимписките игри.

Поради подготовките за свеченото отворање на Олимпијадата во 2024 година, што ќе се одржи на вода, пловидбата по Сена е прекината до 27 јули.

Шефот на Париската пристанишна заедница, Оливие Џамет, нагласи дека времето на Игрите се совпаѓа со периодот на најголема побарувачка за патувања по реките. Според него, државата ветила дека ќе ги надомести загубите.

-Ни ветија обештетување. Се надеваме дека ќе добиеме пристојна компензација, изјави Џамет.

Чамците и бродовите ќе мора да се „жртвуваат“ не само неделата пред свеченото отворање на Олимпијадата, туку и деновите кога на Сена ќе се одржат натпреварите во триатлон (30-31 јули и 5 август) и пливање на отворени води (8 и 9 август). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан