Југозападениот плански регион стартуваше проект поддржан од УНДП за подготовка документација за патна и комунална ифраструктура
- Центарот за развој на Југозападниот плански регион и општините Вевчани, Дебар, Пласница, Кичево и Охрид со дводневна обука организирана од страна на УНДП, почнаа со реализација на проектот за подготовка на проектно-техничка документација, насочена кон подобрување на патната и комуналната инфраструктура во Регионот.
![Југозападениот плански регион стартуваше проект поддржан од УНДП за подготовка документација за патна и комунална ифраструктура](https://mia.mk/images/20231016143547_big_730x400_25.webp )
Охрид, 16 октомври 2023 (МИА) - Центарот за развој на Југозападниот плански регион и општините Вевчани, Дебар, Пласница, Кичево и Охрид со дводневна обука организирана од страна на УНДП, почнаа со реализација на проектот за подготовка на проектно-техничка документација, насочена кон подобрување на патната и комуналната инфраструктура во Регионот.
Експерти од областа на инфраструктурата, заедно со претставници на Центарот за развој и на општините за време на дводневната обука разработуваа клучни елементи од проектниот циклус, во сферата на градежништвото.
Проектот што го спроведува Центарот за развој изнесува околу четири милиони денари, а предвидува изготвување документација потребна за отпочнување процес на реконструкција, рехабилитација и изведба на локалната патна мрежа во споменатите општини, како и канализациска мрежа во Пласница.
Проектот е одобрен во рамките на првиот циклус грантови за изработка на техничка документација, поддржан од страна на владата на Шведска, УНДП и од Бирото за регионален развој. аб/цр
фото:Југозападен плански регион