Петти интерпарламентарен форум на делегациите од ЈИЕ во ПС на ОБСЕ
- Во Охрид денеска ќе се одржи петтиот интерпарламентарен форум на делегациите од Југоисточна Европа во Парламентарното собрание на ОБСЕ.
Скопје, 27 март 2026 (МИА) - Во Охрид денеска ќе се одржи петтиот интерпарламентарен форум на делегациите од Југоисточна Европа во Парламентарното собрание на ОБСЕ.
Како што најавува собраниската прес-служба, воведни обраќања на Форумот ќе има Африм Гаши, претседател на Собранието на Северна Македонија, Пере Понс, претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ (кој ќе се обрати со видеопорака), Роберто Монтела, генерален секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Еугенио Зофили, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Киријакос Хаџијани, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјален претставник за ЈИЕ, и Моника Зајкова, шеф на делегацијата на Северна Македонија во ПС на ОБСЕ.
Темата на првата сесија на форумот е „Кибернапади во Југоисточна Европа и штетите предизвикани во последните години“, на која ќе се обратат Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација на Република Северна Македонија, Бленди Клоси, шеф на делегацијата на Албанија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Методи Хаџи Јанев, специјалист за дигитализација и кибербезбедност, и Стивен А. Њутн, главен инженер за киберкапацитети, MITRE Corporation.
Втората сесија на форумот е посветена на преземени мерки и идни активности за превенција од кибернапади во регионот на ЈИЕ, а потоа ќе има и отворена дискусија за кибербезбедност и законодавна поддршка. сст/хс/
Фото МИА