• четврток, 16 април 2026

Виничкиот градоначалник Костадиновски се сретна со директорот на Народна Техника - Митрев

Виничкиот градоначалник Костадиновски се сретна со директорот на Народна Техника - Митрев

Кочани, 16 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски денеска оствари работна средба со директорот на Народна техника на Македонија, Пере Митрев. На средбата се разговараше за тековни активности. Се разгледуваа можностите за унапредување на соработката помеѓу Општината и Народна техника на Македонија, со цел поттикнување на развојот и реализација на заеднички проекти.

-Особена чест за нас беше што токму во нашата Кино сала, минатата година се одржа свеченото отворање и проекцијата на наградените филмови од 54. Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија што го организираше Народна техника на Македонија и Кино сојузот со поддршка на Агенција за филм на Македонија. Искрено веруваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, носејќи уште поголеми резултати и нови можности за развој на нашата општина, изјави за МИА, виничкиот градоначалник Костадиновски.ис/вј/

Фото: Општина Виница

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан