• петок, 17 април 2026

Во велешката болница профункционира апаратот Дензитометар, за рано откривање на Остеопороза

Во велешката болница профункционира апаратот Дензитометар, за рано откривање на Остеопороза

Велес,16 април 2026 (МИА) – На  Рентген одделението во ЈЗУ  Општа болница Велес, неделава започна да работи медицинскиот апарат Дензитометар или популарно наречен ДЕКСА скен. Апаратот ја мери коскена густината во човечкото тело. Вредностите коишто ги мери се значајни за превенција, односно  за рано откривање на oстеопороза или состојба на намалена коскена маса и деградација на коскеното ткиво, што доведува до зголемена кршливост на коските и последователно зголемен ризик од фрактури или скршеници.

Секој ден во две смени на Рентген одделението во велешката болница со овој апарат се снимаат по 12-тина пациенти. Термините ги пушти ЈЗУ Општа болница Велес, а закажувањето е преку „Мој термин“ кај матичен лекар, информира за МИА, Марина Колева одговорен радиолошки технолог на Ренген одделението при велешката Општа болница. Освен од велешкиот поширок регион овој апарат во велешката болница, можат да го користат и пациенти од сите градови од Повардарието бидејќи кај нив нема ваков апарат.Инаку апаратот велешката болница го набави со средства од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

Резултатите од овој многу значаен преглед веќе започнаа да ги читаат тим од лекари: д-р  Елена Ќулумова спесијалист по интерна медицина,  д-р Зоран Арсовски специјалист ортопед како и двајцата лекари специјалисти по физијатрија од скопските клиники и од Штип кои доаѓаат и издаваат здравствени услуги на Физикалното одделение при велешката Општа болница,

Колева  нагласи дека е апаратот популарно наречен ДЕКСА скен освен за дијагноза на болеста, служи и за следење на ефектот на терапијата.

- Фрактурите поврзани со остеопороза,особено на колк и ’рбет можат сериозно да го нарушат квалитетот на живот и да доведат до инвалидитет.Затоа раното откривање на болеста преку овој апарат  е од исклучителна важност, вели Колева.

Д-р Елена Ќулумова  информира дека Остеопенија е  раниот стадиум на остеопороза, која може да започне на 35-годишна возраст, со прогресивно намалување на коскената маса. Ризикот за фрактури на коските понатаму се дуплира на секои 10 години, како за жени, така и за мажи. Затоа според неа е значајно да се направи превентивен преглед.

Според д-р Ќулумова, Дензитометарот е подеднакво значаен за здравствената состојба и на мажите и на жените иако болеста остеопороза почесто го напаѓа коскениот скелет на женската популација. 

-Веднаш по менопаузата кај жените почесто се појавуваат здравствени промени на колковите додека кај мажите тоа се случува по 70 година во животот.Превентивниот преглед се прави еднаш годишно и доколку се утврдат дегенативни промени состојбата се следи и се ординира соодветна терапија,информира д-р Ќулумова.

Таа посочи дека резултатите на последните направени здравствени испитувања за остеопороза и остеопенија во Македонија покажале проценка дека повеќе од 60.000 граѓани постари од 50 години имаат остеопороза.ад/

Фото МИА и МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан