• недела, 10 мај 2026

Хоџа: Продолжуваат инвестициите во комуналната инфраструктура во Чаир

Хоџа: Продолжуваат инвестициите во комуналната инфраструктура во Чаир

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари.

-Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри услови за живеење и повисок квалитет на живот, велат од МЖСПП.

Министерот Хоџа истакнал дека активностите се дел од континуираниот процес на унапредување на комуналната инфраструктура во општината, но и пошироко низ државата, преку конкретни проекти што носат видливи и одржливи резултати. Целта е јасна, секој граѓанин да има пристап до основни услуги и здрава, чиста животна средина. сст/са/

Фото МЖСПП

Остани поврзан