Јувентус нема да го продолжи договорот со Ди Марија, променета стратегијата на клубот
- Анхел Ди Марија ќе го напушти Јувентус. Договорот на аргентинскиот играч за врска со клубот е со важност до крајот на тековната сезона. Страните преговараа за продолжување на договорот.

Торино, 25 мај 2023 (МИА) - Анхел Ди Марија ќе го напушти Јувентус. Договорот на аргентинскиот играч за врска со клубот е со важност до крајот на тековната сезона. Страните преговараа за продолжување на договорот.
Сепак, според „Goal“, трансфер стратегијата на „Старата дама“ е променета. Јувентус одлучи да одбие да ја продолжи соработката со Анхел.
Триесет и петгодишниот Ди Марија му се приклучи на Јуве летото 2022 година. Во Серија А одигра 24 натпревари на кои постигна по четири гола и исто толку асистенции. зс/
Фото: ЕПА