• недела, 22 декември 2024

Јувентус е подготвен да го продаде Киеза за најмалку 50 милиони евра

Јувентус е подготвен да го продаде Киеза за најмалку 50 милиони евра

Торино, 12 јули 2023 (МИА) - Ливерпул и Њукасл нема да можат да го ангажираат крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза додека не продадат играчи, пишува„ La Gazzetta dello Sport“.

 

Според италијанскиот весник, интерес за 25-годишниот фудбалер покажуваат и двата англиски клуба. Исто така и Астон вила го бараше Киеза, но играчот не е заинтересиран за оваа опција. Раководството на „Старата Дама“ е подготвено да ги разгледа понудите, но не сака да го продадат фудбалерот за помалку од 50 милиони евра.

 

Ливерпул и Њукасл се подготвени да направат обид да го купат Киеза доколку ги продадат Мохамед Салах, односно Алан Сент Максимин. И двајцата играчи може да завршат во Саудиска Арабија.

 

Претходно беше објавено дека Ливерпул е подготвен да понуди 40 милиони евра за Киеза.

 

Договорот на Киеза со Јувентус е до 2025 година. Минатата сезона постигна четири гола и имаше шест асистенции на 33 натпревари.

 

Порталот „Transfermarkt“ го цени играчот на 40 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан