• среда, 24 април 2024

ЈСП Скопје: Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен телефон или апликацијата „Скопска“

ЈСП Скопје: Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен телефон или апликацијата „Скопска“

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“.

ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на apskopska@jsp.com.mk.са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан