• петок, 03 мај 2024

Излезноста во Крива Паланка 9,54 отсто, во Кратово 6,85

Излезноста во Крива Паланка 9,54 отсто, во Кратово 6,85

Крива Паланка, 24 април 2024 ( МИА) - Во Крива Паланка излезноста на гласачите во првите два часа од изборниот ден изнесува 9,54 отсто.

Од општинска изборна комисија Крива Паланка информираат дека гласањето се одвива непречено во сите избирачки места, каде избирачкото право можат да го остварат 16.518 граѓани.

Во Кратово до девет часот излезноста е 6,85 отсто, додека во Општина Ранковце е нешто пониска и изнесува 5,32 отсто. ид/ир


Фото: МИА

Остани поврзан