ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
- Во врска со бројните медиумски објави за наводен настан во кој биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичарата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Ве информира дека на денешен ден не е евидентиран таков настан, ниту настан од сличен карактер, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 19 ноември 2025
Во врска со бројните медиумски објави за наводен настан во кој биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичарата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Ве информира дека на денешен ден не е евидентиран таков настан, ниту настан од сличен карактер, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје, што МИА го објавува интегрално.
Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда.
Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста. Ваквото пласирање на информации, без јасен контекст и без утврдени факти, претставува несериозен и неодговорен пристап.
Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните.
ЈСП Скопје
Фото: ЈСП Скопје