ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува, но во моментов не се здржува на коловозите на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Скопје, 2 јануари 2026 (MИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува, но во моментов не се здржува на коловозите на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Како што информираат од ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
Од Јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Нивните дежурни екипи, велат оттаму, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. сст/са/
Фото МИА архива