• сабота, 22 февруари 2025

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје: Се чистеше снегот во сите скопски општини

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје: Се чистеше снегот во сите скопски општини

Скопје, 13 јануари 2025 (МИА) - ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје вчера во три смени со максимална ангажираност на сите расположливи работници спроведуваше активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот.

- Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата „Македонија“, помалите плоштади „Филип Втори“, „Мајка Тереза“ и „Богородица“, како и Старата чаршија. Екипите на претпријатието го расчистуваа и реонот околу Градската болница, Клинички центар, Владата и Собранието, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови, соопшти „Комунална хигиена“ - Скопје.

Најавуваат дека ќе продолжат со активностите за расчистување на снегот и мразот и во текот на денешниот ден и претстојната ноќ. мд/са/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје 

Остани поврзан