• петок, 12 јули 2024

ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно спроведува машинско миење на булеварите и улиците

ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно спроведува машинско миење на булеварите и улиците

12 јули 2024

Согласно Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје, ЈП Комунална хигиена-Скопје
континуирано спроведува активности за машинско миење на булеварите и поголемите улици, со употреба на автоцистерни.

Машинското миење со автоцистерни се реализира седум дена во неделата, на територијата на сите скопски општини. Покрај
машинското миење, екипите на Претпријатието секојдневно спроведуваат и рачно миење на најфреквентните јавни и сообраќајни површини во централното градско подрачје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан