• сабота, 27 јули 2024

Јордански воени авиони доставија хуманитарна помош за 6.000 луѓе во северна Газа

Јордански воени авиони доставија хуманитарна помош за 6.000 луѓе во северна Газа

Газа, 1 март 2024 (МИА) – Три авиони на јорданските воздухопловни сили денеска спуштија прехранбени производи во северниот дел на Газа, соопшти армијата.

Се очекува пакетите со храна да им помогнат на 6.000 луѓе, јави телевизијата Ал Мамлака.

Јордан спроведува хуманитарни операции од воздух во Појасот Газа од почетокот на војната. Други земји неодамна се приклучија на овие операции, вклучувајќи ги Франција, ОАЕ и Египет. ми/

фото: Икс

Остани поврзан