• среда, 21 февруари 2024

Јорданов од Брисел: Штип прогласен за Европски град на спортот за 2024 година

Јорданов од Брисел: Штип прогласен за Европски град на спортот за 2024 година

Штип, 7 декември 2023 (МИА) - Во конкуренција на градови од 25.000- 500.000 жители, Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година, соопшти од Брисел градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој истакна дека вечерва на гала доделувањата на награди во Европскиот парламент во Брисел ја прими наградата и признанието, за кое вели дека претставува одлична можност за уште поголем развој на спортот, спортските клубови и спортската инфраструктура во градот. 

-Ја користам оваа прилика да најавам дека во првата половина од 2024 година ќе започне изградбата на Спортскиот центар „Џексон" со капацитет до 1 000 посетители. Доизградба и целосна реконструкција на градскиот стадион со две модерни трибини и атлетска патека.
Изградба на сала за училишен спорт во населба Три Чешми и Караорман. Превземање и доизградба на затворениот базен, кој подолго време е во застој, изградба на сала за боречки спортови, вели Јорданов.

Градоначалникот на Штип, Јорданов вели дека во 2024 година секое населено место во градот ќе добие модерни спортски терени и содржини, а спортските клубови и спортистите - финансиска поддршка за нивните достигнувања да бидат уште поголеми.

-Голема благодарност до сите кои зедоа учество и дадоа поддршка во изработка на пријавата, до нашите сограѓани Никола Смилков, Трајче Димков, Билјана Попевска, Снежана Јованова, како и до нашите спортски клубови и спортски работници. Ова е датум кој ќе биде испишан во историјата на Европа и нашиот град, вели Јорданов. вдј/вг/

Фото: Општина Штип  

 

Остани поврзан