• недела, 22 декември 2024

Јокиќ: Не знам дали ќе играм на Олимпијадата

Јокиќ: Не знам дали ќе играм на Олимпијадата

Денвер, 21 мај 2024 (МИА) - Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, изгледаше крајно разочарано и не сакаше да даде конкретен одговор на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата во Париз.

Србинот беше прашан токму тоа по тешкиот пораз од Минесота со 90-98 во решавачкиот натпревар бр.7 од серијата што ги елиминира Нагетс од трката за титулата во НБА уште во полуфиналето на Западната конференција.

-Се уште не знам дали ќе играм за Србија на Олимпијадата. Ќе видиме. Морам да размислам за тоа, изјави популарниот Џокер.

Трикратниот МВП на НБА лигата ќе има околу два месеци одмор пред Олимпијадата, но се уште не е сигурен за неговото учество. Србија е една од земјите кои веќе обезбедија место за Игрите во Париз, извлечена во групата „Ц“ заедно со САД, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико.

Јокиќ во текот на својата МВП сезона оваа година имаше просек од 26,4 поени, 12,4 скока и 9,0 асистенции, а во плејофот се истакна со 28,7 поени, 13,4 скока и 8,7 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан