Јокиќ најдобар играч во Европа за 2024 година
- Центарот на Денвер Нагетс и репрезентацијата на Србија, Никола Јокиќ ја доби престижната награда „Европски играч на годината“ со 32 отсто од гласовите.
Барселона, 2 јануари 2025 (МИА) - Центарот на Денвер Нагетс и репрезентацијата на Србија, Никола Јокиќ ја доби престижната награда „Европски играч на годината“ со 32 отсто од гласовите, соопшти ФИБА.
Третото место го зазеде уште еден член на „орлите“, Богдан Богдановиќ со 15 отсто од гласовите.
Во 2024 година Јокиќ по трет пат во последните четири сезони беше прогласен за најкорисен играч во НБА, а со репрезентацијата на Србија го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.
Членот на Нагетс блеска во актуелната сезона и просечно бележи 30,7 поени, 13 скока и 9,7 асистенции.
Минатата година наградата му припадна на Словенецот Лука Дончиќ. дс
Фото: Архива