Јокиќ најдобар асистент помеѓу центрите во НБА
- Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ стана рекордер меѓу центрите во НБА-лигата по бројот на одиграни натпревари со 10 или повеќе асистенции.

Денвер, 5 април 2021 (МИА) – Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ стана рекордер меѓу центрите во НБА-лигата по бројот на одиграни натпревари со 10 или повеќе асистенции.
На средбата со Орландо одиграна изутрина, Јокиќ забележа 16 асистенции и имаше голем придонес во триумфот со 119:109.
Јокиќ сега има 81 натпревар со 10 или повеќе асистенции. Дваесет и петгодишниот Србин го надмина легендарниот Вилт Чембрлен во оваа статистичка категорија. зс/