• четврток, 25 април 2024

Јокиќ: Најважно е да победуваме

Јокиќ: Најважно е да победуваме

 

Денвер, 2 јуни 2023 (МИА) – Српскиот кошаркар Никола Јокиќ остана скромен во коментарите по воведниот натпревар од финалната серија за шампионската титула во НБА лигата во кој со нов трипл-дабл го предводеше Денвер до триумф на домашен терен над Мајами со 104 – 93.

Јокиќ го заврши натпреварот со 27 поени, 10 скокови и 14 асистенции и беше клучен играч во составот на Денвер кој поведе со 1-0 во финалната серија до четири победи.

„Во моментов е најважно да се победува, а јас се обидувам на сите можни начини да се добие натпреварот“, изјави по средбата Јокиќ.

Вториот натпревар од серијата за титулата во НБА лигата е на програмата ноќта меѓу недела и понеделник, повторно на теренот на Денвер. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан