Јовановска: Левица поднесе предлог-измени на два закони за подобрување на правата на лицата со попреченост
- Катерина Јовановска, советник во Град Скопје и координатор социјалниот сектор на Левица на денешната прес-конференција информира дека двајцата пратеници од неговата партија до Собранието поднеле измени на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот заштита на децата за, како што рече, подобрување на правата на лицата со попреченост.
Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Катерина Јовановска, советник во Град Скопје и координатор социјалниот сектор на Левица на денешната прес-конференција информира дека двајцата пратеници од неговата партија до Собранието поднеле измени на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот заштита на децата за, како што рече, подобрување на правата на лицата со попреченост.
Со овие измени, според Јовановска, Левица предлага зголемување на паричниот додаток на лицата со попреченост и посебниот додаток за децата со попреченост за 78 проценти. Исто така, предлагаат зголемување на услугите за лична асистенција од 80 на 160 часа месечно.
-Левица како политичка партија секогаш ги поддржувала и ги поддржува лицата со попреченост во борбата за нивни поголеми права. За таа намена во согласност со нивните барања на 7 јуни годинава двајцата пратеници на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов во Собранието поднесоа Предлог-измена на Законот за социјална заштита и Предлог-измена на Законот за заштита на децата. Очигледно е дека оваа владејачка гарнитура нема политичка волја ниту да ги слушне, а уште помалку да ги реши проблемите на лицата со попреченост, рече таа.
Јовановска информира дека советниците на Левица во Град Скопје поднеле иницијатива за барање на дневен центар за лицата со попреченост на територијата на Град Скопје.
-Апелираме и ги повикуваме пратениците и советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, како и останатите пратеници и советници од останатите советнички групи и пратенички групи застапени во парламентот и во Советот на Град Скопје да ги поддржат законските измени, да гласаат за нив и со тоа да докажат дека нивната поддршка на лицата со попреченост не е само декларативна, нагласи Јовановска. фф/сп/
Фото: МИА