• сабота, 14 септември 2024

Јаховиќ: Секогаш сум сакал да играм за мојата татковина

Јаховиќ: Секогаш сум сакал да играм за мојата татковина
Скопје, 31 август 2021 (МИА) – Повратникот во македонската фудбалска репрезентација, Адис Јаховиќ, очекува добри резултати на претстојните три натпревари во Мундијалските квалификации. - Секогаш сум сакал да играм за мојата татковина. Повикот од новиот селектор ме радува и многу сум среќен што сум дел од националниот тим. Чувството е како и првиот пат кога бев повикан, кога имав 26 години. Ги знам соиграчите. Сега сум поискусен. Се надевам дека ќе имам добра соработка со сите. Имаме квалитет и тоа треба да го докажеме на терен. Ќе дадам се од себе да направиме добри резултати. Треба да одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар. Ни претстои средбата со Ерменија. Тој натпревар треба да го одиграме како треба, противникот добро е анализиран. Потоа ќе мислиме на Исланд, па на Романија. Трите натпревари се многу блиску. Се надевам на добри резултати и да ја израдуваме нашата држава, а воедно да покажеме дека сме кандидати за пласман на Светското првенство, изјави Јаховиќ. „Црвено-жолтите“ на 2 септември ја пречекуваат Ерменија, на 5 гостуваат на Исланд, а три дена подоцна се домаќини на Романија. зс/

Остани поврзан