• сабота, 22 февруари 2025

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен

Мелбурн, 15 јануари 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Португалецот Џејми Фариа во второто коло на Австралија Опен 2025 година.

Мечот одигран рано утрово траеше три часа и заврши со резултат 3:1, по сетови 6:1, 6:7 (4:7), 6:3 и 6:2.

Во третото коло, поранешниот светски рекет број 1 ќе се соочи со Чехот Томаш Мачац.

Грен слемот во Мелбурн, се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан