Гвардиола за ремито со Брентфорд: Сити не е во топ форма, но денеска не бевме лоши
- Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола се осврна на синоќешното реми со Брентфорд (2:2).

Манчестер, 15 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола се осврна на синоќешното реми со Брентфорд (2:2).
Граѓаните водеа со 2:0, но не успеаја да ги освојат трите бода.
- Малку сме разочарани, затоа што при 2:0 не успеавме да го задржиме водството и, за жал, не можевме да го завршиме натпреварот со победа. Поради отсуството на централниот дефанзивец Родри, не сме во најдобра форма и не донесовме правилни одлуки. Треба да дејствуваме подобро. Не сме во топ форма, но денеска не беше лошо, изјави Гвардиола за „BBC Sport“.
Манчестер Сити има 35 бодови и се наоѓа на 6. место во поредокот во Премиер лигата, додека Брентфорд е на 10. место со 28 бодови. зс/
Фото: ЕПА