• сабота, 13 јули 2024

Јаревски: Маргиналци се СДС со нивните две штури соопштенија, наспроти остварените повеќе од 20 средби и разговори на Мицкоски со државници од НАТО

Јаревски: Маргиналци се СДС со нивните две штури соопштенија, наспроти остварените повеќе од 20 средби и разговори на Мицкоски со државници од НАТО

Скопје, 13 јули 2024 

„СДС и малиот Заев, Венко Филипче жалат што Македонија нема повеќе свиткана кичма во НАТО. Маргиналци беа СДС со нивните две средби и две штури соопштенија наспроти остварените повеќе од 20 средби и разговори со државници од НАТО алијансата. Фуриозна и динамична агенда на претседателот Мицкоски, поздравена и поддржана од сите. Очигледно е дека СДС и малиот Заев имаат сериозен проблем со термините. Патем за 5 дена две големи важни економски одлуки, нова инвестиција од 35 милиони евра на компанијата Вабтек и нови повеќе од 100 работни места. Обезбедена специјална економска соработка и 500 милиони евра за поддршка на македонскиот бизнис и инфраструктурниот развој на државата“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски одговарајќи на прашање на денешната прес конференција.

Тој продолжи и додаде:„Поминаа времињата кога патувањата на Заев и неврохирургот на Заеви беа лични цели да отвораат фирми, возат мотори и да ја распродаваат Македонија. Нека се привикнува СДС на тоа што значи одговорна Влада и одговорно однесување кон народот и гласачите. Доаѓа време за нивна одговорност, тогаш ќе сфатат дека и 180,000 гласови им се премногу“, заклучи Јаревски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан