• недела, 14 јули 2024

Без вода дел од населбата Бутел

Без вода дел од населбата Бутел

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „Зулфер Мусиќ“ 45 во населбата Бутел вечерва од 20 часот прекинато водоснабдување имаат неколку улици.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ вечерва соопшти дека без вода ќе бидат улиците „Зулфер Мусиќ“,„ Марко Крале“, Дабница и „Лопушник“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан