• четврток, 19 декември 2024

Заради технички проблеми „Ер тракторите“ не интервенираа во гасењето на пожарот на  Огражден

Заради технички проблеми „Ер тракторите“ не интервенираа во гасењето на пожарот на  Огражден

Струмица, 13 јули 2024 (МИА) - Заради технички проблеми авионите за гаснење пожар „Ер трактори“ попладнево не се упатиле кон пожарот на планината Огражден, кој гори веќе четири дена над селото Бадилен, на територија на општина Ново Село, на границата со Бугарија.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев,
незвозможно е пожарот да се стави под контрола без воздушна поддршка, бидејќи се
работи за тешко пристапен терен.

- Попладнево се повлечени нашите седум пожарникари кои требаше да бидат
логистика во гаснењето на пожарот од воздух. Се надевам дека утре авионите ќе го гаснат пожарот, бидејќи се работи за крајно непристапно место, изјави Гудев за МИА.

Од Центарот за управување со кризи попладнево најавија дека се очекува по повлекувањето на двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од планината Серта, заради исполнети 3,5 часа активно летање и дејство, по двочасовна пауза за полнење гориво, но и мини технички преглед, да се упатат кон пожарот на Огражден.

Вчера и завчера пожарот го гаснеа хеликоптери на МВР и АРМ, заедно со
пожарникари од ТППЕ Струмица, членови на Ловното друштво „Елен “ од Ново Село, и
локалното население.

Според информацијата од ТППЕ Струмица пожарот досега зафатил над 20 хектари
нискостеблеста дабова и борова шума. рт/бак/


Фото: ЦУК

Остани поврзан