• петок, 29 март 2024

Јапонија на удар на бурата „Мавар“, властите советуваа повеќе од милион луѓе да се евакуираат

Јапонија на удар на бурата „Мавар“, властите советуваа повеќе од милион луѓе да се евакуираат


Токио, 2 јуни 2023 (МИА) - Делови од Јапонија се погодени од тропската бура „Мавар“, а властите советуваа повеќе од милион луѓе да се евакуираат, иако нема извештаи за повредени.

Мавр, што направи хаос на западниот тихоокеански остров Гуам претходно оваа недела, сега е намален на ниво на тропска бура од јачина на супер тајфун.

Властите советуваа скоро 1,3 милиони луѓе ширум Јапонија да се евакуираат, вклучително и најголемиот број во областите на западниот Хоншу, како што е префектурата Вакајама, соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи.

Повеќе од 300 летови се откажани денеска, како и 52 фериботи и неколку железнички линии, соопшти јапонското Министерство за транспорт.

Засега нема извештаи за поплави или лизгање на земјиште, но предупредувања за поплави и свлечишта се издадени во западниот дел на земјата, делови од островот Шикоку и Хоншу, со прогноза 350 милиметри дожд на метар квадратен во делови од западен Хоншу за 24 часа до сабота наутро. зш/

Остани поврзан