• сабота, 22 февруари 2025

Јанчев: Исплатени три плати за вработените во поранешно ,,Фени" 

Јанчев: Исплатени три плати за вработените во поранешно ,,Фени

Кавадарци, 7 февруари 2025 (МИА) - Исплатени се три плати за вработените во поранешно ,,Фени", информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на седница на Советот на Општината.

- Во интерес на 900 вработени, стечајни работници и во интерес на нивните семејства, ја информираме јавноста дека Еуроникел во стечај, во текот на вчерашниот ден ги исплати очекуваните плати за последните три месеци од отворањето на стечајната постапка, во вкупен износ од 101.261.445,00 денари. Дополнително се исплати регрес за годишен одмор и неисплатен годишен одмор во износ од 9.076.808,00 денари. Наша желба и очекување е оваа компанија наскоро да започне со производство, а вработените што побрзо да се вратат на работа, истакна Јанчев. свд/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан