• недела, 22 декември 2024

Јануарската инфлација во Албанија 3,4 отсто, најниска во последните три години

Јануарската инфлација во Албанија 3,4 отсто, најниска во последните три години

Тирана, 13 февруари 2024 (МИА) - Албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ објави дека во јануари годинава инфлацијата достигна ниво од 3,4 отсто, што е најниско ниво од ноември 2021 година.

-Доколку се спореди со истиот месец минатата година кога индексот на цените достигна 7,2 проценти, нивото на инфлација е речиси преполовено. На растот на цените во јануари, главно влијание има групата „храна и безалкохолни пијалаци“ со 1,91 отсто, а по неа е групата „Кирии, вода, гориво и енергија“ со 0,44 посто. Од друга страна транспортот имаше влијание врз намалувањето, стои во објавата.

Од ниско ниво во текот на изминатата деценија, инфлацијата почна да расте од високата постпандемиска побарувачка во втората половина на 2021 година, а дополнително се интензивираше по војната во Украина.

Минатиот месец нивото на инфлација беше четири отсто, наспроти ноември кога изнесувал 3,9 односно октомври 3,8 отсто.

Гувернерот на Централна банка на Албанија деновве изјави дека не се планира зголемување на основната каматна и оти таа останува на 3,25 отсто.

Според него, банката предвидува во втората половина од годинава инфлацијата да достигне ниво од три отсто. вт/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан