• понеделник, 23 декември 2024

Јавна расправа по Нацрт-буџетот на општина Дебар за 2024 година, проектиран на над 411 милиони денари

Јавна расправа по Нацрт-буџетот на општина Дебар за 2024 година, проектиран на над 411 милиони денари

Дебар, 20 декември 2023 (МИА) - Општина Дебар, традиционално, организираше јавна расправа по Нацрт-буџетот на општината на која учествуваа граѓани, претставници на месните заедници, спортски клубови, невладини организации.

-Имајќи предвид дека барањата на граѓаните се една од главните одредници за корекции, на буџетот за следната година, се разбира доколку за тоа има потреба, оваа средба беше неопходна. Веќе станува традиција, пред доставување на буџетот пред усвојување пред Советот на општината да го чуеме и вашиот глас. Како општина ќе ги земеме предвид разумните дополнителни барања и испитаме можностите за нивно вградување во буџетот на општина Дебар, рече градоначалникот Хекуран Дука.

Тој посочи дека буџетот е проектиран на 411,6 милиони денари, при што основниот буџет е 125,5 милиони, додека останатите извори на приходи се меѓу другото 267,6 милони дотации, како и 5,6 милиони донации.

Воедно информираше дека со вчера потпшаниот договор во Владата, општина Дебар добила 6,5 милони денари за реализација на проект од областа на патната инфраструктура, поточно реконстркција на улицата „Ибраим Колари“ во градот.

Присутните изнесени неколку прашања и барања кои главно се однесуваа на изградба и реконструкција на улици и патишта, особено во руралните средини, изградба на потпорни ѕидови за заштита од ерозија, финансиска поддршка на спортски клубови.

Градоначалникот стави забелешка на слабиот интерес на целните групи што се виде и по бројот на присутни на оваа средба.

Предлог-буџетот за идната година ќе биде на дневен ред на последната седница на Советот за оваа календарска година, планирана за следната недела. вт/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан