Ѓорѓиевски - Сориано Ортиз: Примената на позитивните искуства на Шпанија може значително да придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на сите скопјани
- Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска остварил официјална средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, придружуван од делегација од Амбасадата, на која како што информираат од Град Скопје, се разговарало за унапредување на билатералната соработка, размена на добри практики и отворање можности за нови партнерства меѓу двете земји, особено во областите на урбанистичкото планирање, зелените политики, културата, економијата и локалниот развој.
Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска остварил официјална средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, придружуван од делегација од Амбасадата, на која како што информираат од Град Скопје, се разговарало за унапредување на билатералната соработка, размена на добри практики и отворање можности за нови партнерства меѓу двете земји, особено во областите на урбанистичкото планирање, зелените политики, културата, економијата и локалниот развој.

Ѓорѓиевски, средбата ја оцени какоисклучително конструктивна и пријателска, посочувајќи дека во разговорот се осврнале на можностите за продлабочување на билатералната соработка помеѓу нашите земји, со посебен акцент на размена на добри практики во урбанистичко планирање, зелени политики, култура, економија и локален развој.
-Примената на позитивните искуства на Шпанија може значително да придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на сите скопјани. Изразивме заедничка подготвеност да ја унапредиме комуникацијата и институционалната соработка, со што ќе отвориме простор за нови проекти и партнерства. Верувам дека ваквите средби ја зајакнуваат нашата европска перспектива и го озиционираат Скопје како отворен, современ и динамичен град, изјави Ѓорѓиевски, се вели во соопштението од Град Скопје.

На средбата со делегацијата на Шпанија, предводена од амбасадорот Сориано Ортиз, присуствувале и Хавијар Морал Ескудеро, советник за економски прашања, како и претставници од амбасадата. аа/
Фото: Град Скопје