• петок, 09 август 2024

Ѓорѓиевски: Комплетно го менуваме ликот на „Потстаница“, креирајќи вистинска урбана населба

Ѓорѓиевски: Комплетно го менуваме ликот на „Потстаница“,  креирајќи вистинска урбана населба

Скопје, 18 септември 2023 ( МИА) - „Потстаница“ комплетно го менува својот лик, станувајќи вистинска урбана населба“, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски при денешниот увид во населба  Драчево, соопшти Општината.

Како што известуваат од Општина Кисела Вода, Улицата „Сердарот”,  сега добива нов асфалт и е проширена, пешачка зона, а краците се поплочени со павер елементи. Исто така, разрешен е, и долгогодишниот проблем со паркирањето и метежот во овој дел од општината, па сега жителите имаат на располагање околу 100 паркинг места.

-Младите ќе имаат можност да спортуваат на новото фудбалско игралиште со квалитетна вештачка трева, како и новото кошаркарско во негова близина, додека пак, за најмладите жители градиме ново детско катче со модерни реквизити каде што детската игра тука ќе може непречено да се одвива. Како новитет, градиме и нов мини плоштад кој ќе биде место за собирање на сите жители од Потстаница, за дружба и одмор, но и многу манифестации. Иднината се гради со дела, а за нас тие говорат најмногу, изјавил градоначалникот Ѓорѓиевски,  додавајќи дека во Кисела Вода повеќе нема заборавени места и дека работата продолжува со уште посилно темпо во секоја населба. љм/ац/

 Фото: Општина Кисела Вода

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан