• недела, 22 декември 2024

Ѓорческа финалистка на фјучрсот во Рим

Ѓорческа финалистка на фјучрсот во Рим

Рим, 13 јули 2024 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа попладнево во полуфиналето на ИТФ фјучрсот W75 Рим ја совлада хрватската тенисерка Петра Марчинко од 2:1, по сетови 5:7, 6:2 и 6:1.

Годинава за Ѓорческа ова ќе биде второ. Таа во март играше во Ларнака, Кипар. Вкупно во кариерата Македонката досега има 34 финалиња и 13.титули. 

Воедно ова е финале на турнир со најголем награден фонд на кој ќе игра – 75.000 долари. Ѓорческа претходно имаше два настапа на турнири од категоријата W60 на кои победуваше.

Во финалето во Рим противничка ќе и биде Оксана Селехметева од Русија (21 година, 415. место на ВТА), која со убедливи 2:0 во сетови (6:0 и 6:2) ја победи Леа Бошковиќ од Хрватска. Селехметева најдобриот ранг во кариерата го бележи на 8 август 2022 година кога беше на 138-то место на ВТА ранг-листата. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан